Вести Свет Топ вести

Невакцинираните за 11 пати со поголем ризик да починат од ковид 19

Вакцините се најмоќното оружје во овој момент во борбата против ковид 19, тврди американскиот центар за контрола и превенција на болести. Шансите да се почине од ковид ако не сте вакцинирануи се зголемени за 11 пати, во споредба со вакцинираните, тврдат од Центарот.

Во оваа студија, следени се над 600.000 ковид болни, од април до средината на јули, и поврзани со нивниот вакцинален статус. Анализата на случаите во изминатите два месеца кога доминирал делта сојот во оваа земја, оние кои биле невакцинирани имале за четириипол пати поголема можност да добијат ковид 19, над 10 пати повеќе шанси да бидат хоспитализирани, и за 11 пати повеќе да починат од болеста, вели ДОКТОР РОШЕЛ ВАЛЕНСКИ, ДИРЕКТОР НА ЦДЦ 

Во други две студии, од Американскиот центар за болести се вели дека заштитата добиена од вакцини опаѓа кај постарата популација, особено кај оние на возраст од над 75 години. но, болеста кај целосно имунизираните била со поблаги симптоми и полесно ја надминале без тешки компликации.

Со оглед на тоа што делта сојот ги напаѓа младите и децата, американскиот центар за болести како и Агенцијата за храна и лекови ЕфДиЕј апелираат родителите да се вакцинираат, за оваа учебна година да успее, а учениците да не се префрлат на настава на даличина. Голем дел од детските болници во Америка се полни со деца инфицирани со ковид. А докторите велат дека делта сојот не ја бира возраста.

Оние под пет години и невакцинираните тинејџери се најприсутни, барем дел од нив, со многу посилна форма на болеста која бара критична нега на нашиот педијатриски оддел, вели ДОКТОР, ЏЕЈМС ВЕРСАЛОВИЧ, ДИРЕКТОР НА ПЕДИЈАТРИЈА ВО БОЛНИЦА ТЕКСАС

Американската агенција за лекови апелираше до родителите да не бараат вакцина за нивните деца под 12 години, бидејќи истражувањата на производителите на вакцини се уште се во тек, и ги прилагодуваат дозите. Децата не се мали возрасни луѓе се вели во соопштението, и вакцините за возрасни не смеат да се користат за да се заштитат деца. За нивна заштита најважно е да бидат вакцинирани нивните родители со што вирусот не би го донеле од дома на училиште.

Оние под 12 години не можад да се вакцинираат. Во овој момент тие не ги исполнуваат условите за Фајзер вакцината. Затоа, мора со нив да сме внимателни, тие мора да носат маска, и тие околу нив да се вакцинирани. Само тоа ќе го смири овој бран, укажува СТИВЕН ФЕРАРА, ДИРЕКТОР НА МЕДИЦИНСКА ШКОЛА КОЛУМБИЈА

Но, некои држави како Чиле и Јужна Африка, веќе почнаа да ги вакцинираат децата над шест години. Нивните регулаторни тела одлучија дека кинеската Синовак е најдобра за возраст од шест месеци до 17 години. Дека вакцинацијата е ефикасна покажува примерот со Данска, каде над 70% од вкупното население е веќе имунизирано и оваа скандинавска земја веќе десетина дена е вратена во нормалниот живот.

Алиса Шутиноска

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе