Економија Топ вести

Иако македонската економија ги доживеа најтешките денови, бизнисот без сериозни критики до владата

Загубите се огромни и ќе треба време за опоравување на македонското стопанство кое и пред пандемијата не беше во завидна состојба – порача претседателот Пендаровски на вториот ден од форумот „Економско заздравување и раст по Ковид-19“. Клучни за него се имунизацијата и вложувањето во човечкиот капитал, со посебен акцент на младите. Порача да не се повторат погрешните одлуки, зошто сега имаме доволно информации и анализи за точни проценки.

Несомнено имунизацијата е клучниот фактор за излез од кризата и во тој  процес не смее да се дозволи забавена динамика или нерамномерна дистрибуција на вакцините. Во кризни времиња сме уште повеќе упатени еден на друг.Верувам дека наша заедничка цел е да изградиме побезбеден свет во кој приоритет ќе бидат благосостојбата, здравјето и среќата на луѓето. Свет во кој образованието, науката и општествениот развој ќе бидат побитни од воената моќ, контролата врз граѓаните или трката за материјални добра, изјави претседателот Пендаровски.

Владата се пофали дека со мерките кои ги презела спречила поголем удар врз граѓаните и стопанството. Бизнисот пак и се заблагодари бидејќе сме биле лидер во мерките против пандемијата.

Фала му на Бога имаме добра соработка со владините институции и имајќи предвид дека нашата земја е водач со мерките против пандемијата во оваа ситуација, изјави претседателот на Стопанската комора на Северо-западна Македонија Неби Хоџа.

Компаниите и во криза се подготвени да инвестираат, порачаа бизнисмените. Побараа мерките да продолжат и да се намалат парафинските давачки.

-Во периодот од септември 2021 до август 2022 година, 94 проценти од компаниите што одговорија на анкетата планираат инвестиции. Вкупната димензија на инвестициите на овие компании е околу 600 милиони евра, вели Јелисавета Георгиева од Стопанската комора.

-Да им се помогне преку справување, борба со корупцијата, да им помогнеме преку спроведување на владеењето на правото во земјата со тоа што ќе им обезбедиме добра клима да можат да се опорават од кризата, да им помогнеме со борба со сивата економија, вели претседателката на Сојузот на стопански комори Данела Арсовска.

Јавно-приватното партнерство, зелената економија, вложувањата во човечкиот потенцијал беа само дел од темите на дебатите на Форумот на кој учествуваат претставници на меѓународни финансиски институции, министри, бизнисмени, експети.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Таткото Спасески се жали дека мајката го попречува да го види неговиот син

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе