Свет Топ вести

Анти-ваксери упаднаа во зградата на словенечката телевизија

Инцидент се случи синоќа во зградата на словенечката радиотелевизија, кога група од 20-тина демонстранти кои се противат на вакцинацијата во оваа држава, влегле во студиото на информативната програма, од каде се емитуваат вестите.

Упадот се случил околу 20 часот и 30 минути, кога демонстрантите, кои веќе четири месеци протестираат пред зградата на телевизијата, се пробиле во студиото на информативната редакција и барале да добијат можност да ја изнесат својата вистина за коронавирусот и вакцините.

Во обид да останат во студиото додека не бидат вклучени камерите, демонстрантите легнале на подот во студиото, но тоа не ги спречило полицајците, еден по еден да ги извлечат надвор од телевизијата.

Радио телевизија Словенија соопшти дека демонстрантите грубо го злоупотребиле правото на мирен протест и повеќе месечното вознемирување, упадот во телевизијата не е само напад на оваа институција, туку и на слободната и независна новинарска работа, еден од темелните постулати на демократијата.

Истовремено, главната уредничка на словенечката информативна програма Маница Јанежич изјави и дека од мај предупредувале на состојбата пред зградата на телевизијата, но полицијата не презела мерки да ги заштити новинарите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Нуклеарката Запорожје остана без струја, Украина ја обвини Русија

Дејан Дејан

„Паднал низ прозорец“ – почина потпретседател на руска нафтена компанија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе