Вести Свет Топ вести

Терористички напад во Нов Зеланд, шестмина повредени

Полицијата на Нов Зеланд го уби екстремистот кој во трговски центар во Оукленд со нож рани најмалку шест луѓе. Според здравствени власти тројца од повредените се во критична состојба, од кои еден е најтешко ранет. Напаѓачот зел нож од една продавница и тргнал во напад, а полицијата цело време била во близина. Сведоците велат дека настанала паника, а на снимките од социјалните мрежи се гледа како луѓето бегаат пред да се слушнат првите истрели.

Тоа беше еден обичен човек кој почна да вика „Алах Акбар“ и ги избоде двете жени, бели жени кои беа пред мене. Почна да боде и да вика „Алах Акбар“, и сфатив дека мора да бегам.

Напаѓачот е ликвидиран во рок од 60 секунди по нападот. Според премиерката на Нов Зеланд, Џacинда Ардерн  станува збор за терористички напад , а напаѓачот, кој е државјанин на Шри Ланка, бил поврзан со Исламска држава.

Терористот е државјанин на Шри Ланка кој дошол на Нов Зеланд во октомври 2011 година. Тој стана лице од национален интерес во 2016-та. Деталните причини поради кои им е познат на агенции е налогот за сузбивање којшто го издаде судот.

Иако терористот, поради својата идеологија, бил под постојан надзор на националните безбедносни органи, првиот човек на новозеладската полиција вели дека тие немале никаков сомнеж за неговите намери.

Немавме апсолутно никакви индикации за неговите намери дека тој денеска има намера да го напреви тоа. Врз основа на нашиот надзор, она што можеме да го кажеме, е се изгледаше како нормален процес на купување.

На поставеното прашање зошто пров напаѓачот предходно не било преземено нешто, Костер одговори дека кога некој е под постојана присмотра, надзорните тимови за да бидат ефикасни мораат да држат дистанца. Полицијата е уврена дека припадникот на ИД делувал сам и дека нема понатамошна опасност од нови напади.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Нуклеарката Запорожје остана без струја, Украина ја обвини Русија

Дејан Дејан

„Паднал низ прозорец“ – почина потпретседател на руска нафтена компанија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе