Свет Топ вести

На принуден одмор одат невакцинираните здравствени работници во Грција

Одлуката на грчката Влада за задолжителна вакцинација на сите вработени во државните и приватните болници во Грција, од денеска стапува во сила, а невакцинираните здравствени работници ќе бидат на принуден, неплатен одмор, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми, околу 10 до 15 илјади вработени во болниците и понатаму се невакцинирани.

Во јули беше соопштено дека од 16 август вакцинацијата ќе биде задолжителна за сите вработени во центрите и институциите во Грција наменети за грижа на лица, а од 1 септември и за здравствените работници, како и за административниот персонал во болниците, здравствените центри, дијагностички центри, центрите за рехабилитација, клиниките итн, без разлика дали се приватни или јавни здравствени структури.

Пораките од Владата во изминатите денови беа дека одлуките и законот ќе се применат и тоа во целост и нема да има никакво пролонгирање.

Портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому во понеделникот објасни дека „законот што предвидува суспензија за оние кои не примиле барем една доза, ќе се спроведе и законот ќе се примени во целост“ и додаде дека дури и да решат невакцинираните да се имунизираат по 1 септември, не е сигурно дека ќе се вратат на истите позиции.

Против задолжителната вакцинација е грчката федерација на вработени во државните болници, кои минатата седмица одржаа масовни протести во Солун и Атина и истакнаа дека не се против вакцината, туку едноставнo не се согласуваат имунизацијата да биде задолжителна.

Најавуваат и дополнителни протести, кога првите невакцинирани здравствени работници и официјално ќе бидат испратени на принуден одмор.

Паралелнo со задолжителната вакцинација, од денеска стапува во сила и одлуката за отповикување на сите редовни годишни одмори на сите вработени во болниците, брзата помош, Националната организација за јавно здравје, како и во јавните установи за примарна здравствена заштита.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

(Видео) Некои загубиле свест, некои пишувале проштални пораки – драма на лет во Јапонија, авион паднал 25.000 стапки за 10 минути

Дејан Дејан

Ѓоковиќ: Се замислувам во пензија на плажа со Федерер и Надал како пиеме коктели

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе