Денес, достигнавме важна пресвртница во нашата кампања за вакцинација, 70% од возрасните во Европската унија сега се целосно вакцинирани и тоа се повеќе од 250 милиони луѓе кои се имунизирани, информираше претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, но предупреди дека пандемијата не е готова.
Според Европската здравствена агенција, Бугарија има само 20% целосно вакцинирани, со што заостанува зад останатите европски земји.
„Но, пандемијата не е завршена и ние мора да останеме будни. Значи, пред се, ни требаат уште многу Европејци брзо да се вакцинираат за да се избегне нов бран на инфекции и да се запре појавата на нови варијанти. И ги повикувам сите што можат, да се вакцинираат, ова е единствениот начин да се заштитите себеси и другите“ – Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европската комисија.