Брзо по повлекувањето на американската војска од аеродромот во Кабул и нивното напуштање на Авганистан, талибанските војници прогласија победа. Се слави, а во воиздухот се слушаат пукотници низ целиот град. На аеродромот „Хамид Карзаи“ го присвоија она малку од опремата која ја остави зад себе американската војска, се наредија и си честитаа меѓу себе. САД соопштија дека оставиле неколку воени униформи и 7 хелокиптери кои ги направиле неупотребливи со тоа што извадиле неколку клучни делови.
Портпаролот Забихула Муџахид ги пофали своите војници за нивната упорна битка и истакна дека новата влада сака да остане во добри односи со САД и остатокот од светот.
Но, со заминувањето на Американците, во земјата е зголемена вознемиреноста и загриженоста посебно за периодот кој следува под талибанското владеење, и нивниот однос кон жените, децата и активистите за човекови права.
Еве како изгледаше утрово на аеодромот во Кабул, откако талибанците целосно ја презедоа контролата.