Свет Топ вести

Поранешниот еврокомесар Мишел Барние влегува во трката за претседател на Франција

Поранешниот еврокомесар и водечки европски преговарач за исход на Брегзит, Мишел Барние, се вклучува во претседателската трка во Франција. Човекот кој на свои плеќи ги износе тешките преговори за Брегзит, во февруари годинава ја формираше групата наречена „Патриот и Европеец“ околу која ги собера своите истомисленици. Групата беше официјално промовирана за време на состанокот на пратениците и сенаторите на конзервативата партија „Републиканци“ во Националното собрание, на кои од крајот на март над глава им стојат мношто идеи за различни политички прашања.

Барние е четвртиот политичар на десницата, кој ре реши да му се спротивстави на актуелниот претседател Емануел Макрон на изборите следната година.

Многу е важно да се обединат десницата и центарот. Под ​​контрола да ја ставиме имиграцијата, да ја вратиме почитта кон работата во срцето на нашето општество и да се декарбонизира нашата економија, рече поранешниот еврокомесар Мишел Барние, кој се смета за еден од најспособните политички фигури на десницата – проевропеjци бранителот на Франција во Европа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор за полициски службеник кај кого биле пронајдени илјадници евра и злато – тој призна дека сторил проневера во служба

Дејан Дејан

Цените на храната во јуни највисоки во последните две години

Дејан Дејан

Обвинение за директорот на Геријатрија- се товари дека побарал мито 20.000 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе