Свет Топ вести

Десетина загинати во два самоубиствени напади пред аеродромот во Кабул

Две експлозии одекнаа пред аеродромот во Кабул, јавуваат руски официјални лица. Во двата самоубиствени напади загинаа најмалку 13 луѓе, а ранети околу 15. Голем број луѓе се собраа пред аеродромот во обид да го напуштата Авганиста кој потпадна под власт на талибанците. На ретките видеа кои се пренесуваа на социјалните мрежи се гледа како некои од повредените се однесени во градската болница.

Експлозијата се случи надвор од аеродромот, близу каналот- Мохамед Садик, ранет.

Западните земји предходно предупредуваа дека ќе подготвува можен напад на аеродромот, каде деновиве се се поретки авионите кои превезуваат бегалци. Според првичните информации било пукано кон италијанскиот авион копј бил на полетување, но подоцна оваа информација да биде демантирана. Безбедносните служби јавија дека дека биле испалени неколку куршуми во воздух да се смири масата луѓе кои се обидуваат да влезат во аеродромот.

Пентагон ја потврди експлозијата, без информации за жртви. Сомнежот за секој напад насочен кон толпата најверојатно ќе падне врз групата Исламска држава, а не врз Талибанците, кои беа распоредени на портите на аеродромот обидувајќи се да ја контролираат масата луѓе.

Експлозиите се случија само неколку часа откако западните земји предупредија дека би можело да дојде до терористички напад, во периодот кога повеќето европски земји јавија дека завршиле со евакуацијата од Авганистан, како Белгија, Данска и Полска, а последниот германски авион полета попладнево, додека Франција соопшти дека последниот лет од Кабул ќе полета утре вечер.

Во меѓувреме порпаролот на талибанците, Забихула Муџахид, во интервју за Њујорк Тајмс потврди дека музиката повторно ќе биде забранета во Авганистан, но за разлика од 90-те овој пат ќе се обидат да ги едуцираат луѓето, наместо да ги присилат да го почитуваат исламскиот закон. Тој ги отфрли како неосновани обвинувањата на западот за укинувањето на правата на жените во земјата.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор за полициски службеник кај кого биле пронајдени илјадници евра и злато – тој призна дека сторил проневера во служба

Дејан Дејан

Цените на храната во јуни највисоки во последните две години

Дејан Дејан

Обвинение за директорот на Геријатрија- се товари дека побарал мито 20.000 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе