Вести Свет Топ вести

Словенија употребува нов лек против корона вирусот

Словенија започна со третман за лечење со моноклонални антитела кај некои пациенти заразени со Ковид-19, соопшти вчера тамошното Министерството за здравство.

Засега, само 41% од словенечките граѓани се целосно вакцинирани, а 46% ја примија првата доза на вакцината против коронавирус.

Словенија доби 1.000 дози експериментален лек развиен од американската компанија за биотехнологија Регенерон, како дел од договорот со Европската унија, пишува „СТА“.

Лекот во моментов има дозвола од Словенечката агенција за лекови и се дава на пациенти со тешки симптоми во раните фази на коронавирус.

Во почетокот на јули, Словенија изрази интерес за набавка на 1.000 дози на лек за моноклонални антитела, Сотромиваб, произведен од британската фармацевтска компанија ГСК.

Денес, службениците на Министерството за Словенија разговараа со претставниците на компанијата „Фајзер“ за употребата на нивниот третман со моноклонални антитела во развој.

Словенија го укина бесплатното масовно тестирање за коронавирус, и само вработените во секторите каде што тестирањето е задолжително за невакцинирани лица, се уште ќе имаат пристап до бесплатни брзи антигенски тестови.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Експлозија на бензинска пумпа во Рим, повредени полицајци и пожарникари

Дејан Дејан

Лагард: Посилен единствен пазар на ЕУ за борба против царините

Дејан Дејан

МЗ: Активирана фаза 3 од Акцискиот план за топлотни бранови од 4 до 8 јули

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе