Вести Македонија Најважни

БЕСА оди самостојно на избори, бараат од СДСМ да не им се меша во битката со ДУИ

Билал Касами наспроти Теута Арифи во Тетово, Фадил Зендели и Невзат Бејта во Гостивар. И двете партии БЕСА и ДУИ се дел од власта но изборната трка во овие општини ќе биде многу тесна.И додека ДУИ се повикува на предизборна соработка со СДСМ, БЕСА одлучи сама да оди на изборите. Сакаат политичката битка да биде рамноправна, во спротивно може да биде доведено во прашање нивното натамошно учество во власта.

БЕСА ќе има кандидати за градоначалници и советнички лист во повеќе општини. Размислуваат и за градоначалник за Скопје. Во Струга ќе го кандидираат Абдула Ќазими, Чаир- пратеникот Кастриот Реџепи, Теарце –директорот на Агенцијата за вработување Абдуш Демири а во Дебар ќе настапат со бизнисмен кој долги години живеел во Америка.

ДУИ официјална промоција на кандидатите ќе има на 4 септември. На локалните избори во најголем број општини одат со актуелните градоначалници.Струга-Рамиз Мерко, Кичево-Фатмир Дехари, Дебар-Хекуран Дука, Чаир –Висар Ганиу.

Алијанса на Албанците-Алтернатива се уште нема утврдено кандидат за градоначалник за Тетово,во опција се три имиња меѓу кои и Зијадин Села. Арбен Таравари ќе побара втор мандат за Гостивар. Бегим Поцеста ќе учествува во изборната трка во Дебар, Назим Таипи во Теарце а Садик Сулејмани во Боговиње. Најдоцна до 5 септември ќе биде официјализирана и предизборната соработка со ВМРО ДПМНЕ.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мерц не сака повторно отварање на гасоводот „Северен тек 2“

Дејан Дејан

Алиу: Мој термин ќе добие јасно дефинирани протоколи за упатување на пациенти кај стручни медицински лица

Дејан Дејан

Утре и задутре во Скопје посебен сообраќаен режим поради средбата на лидерите од Западен Балкан

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе