Вести Свет

Невакцинираните работници во Грција на свој трошок ќе се тестираат еднаш неделно

Невацинираните  работници во Грција од јавниот и приватниот сектор ќе мора да се тестираат најмалку еднаш неделно за ковид на свој трошок.

„Начинот на кој ќе фунционира економијата и општеството во Грција во следниот период и рестрикциите кои најверојатно ќе важат само за невакцинираните, следната недела Владата веројатно ќе соопшти“, изјави на телевизијата „Скај“ портпаролот на владата Јанис Иконому.

„На вакцинираните ќе им се даде можност да имаа поголема удобност во движењето, поголема можност и опции. За останатите, ќе има одредени места за тестирање, тестото ќе биде на сопствен трошок“, порачал портпаролот.

Од вработените во јавниот и во приватниот сектор кои не се вакцинирани ќе се бара да се тестираат на свој трошок по фиксна цена. Но, повторувам, за жал еднаш или двапати неделно на нивен трошок септември па натаму, објасни Иконому.

И портпаролот го повторил ставот на грчкиот премиер дека економијата нема да се затвори и дека ќе нама локдаун.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судијката Даниела Димовска е в.д. претседателка на Кривичен

Дејан Дејан

Западен Балкан како под вршник, Пиринеите и Англија со најтоплиот јуни досега

Дејан Дејан

Сè уште е на интензивна нега, но состојбата ѝ се подобрува – ФЗО за една од критично повредените пациентки од пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе