Вести Свет Топ вести

Стотици авганистански новинари бараат помош, повеќето се жени

„Паника и страв“ владее меѓу авганистанските новинари, особено новинарките, соопшти Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ), истакнувајќи дека добиле „стотици барања за помош“ од медиумските работници на терен.

„Увидот на ИФЈ во ситуацијата на терен и бројните барања за итна помош покажуваат дека има паника и страв во авганистанската медиумска заедница“, предупреди меѓународната организација, која отвори специјална сметка за да им помогне на засегнатите.

– Добивме стотици барања за помош – или за евакуација или за помош на оние што бегаат од една авганистанска провинција во друга поради закани, рече Џереми Дар, заменик генерален секретар на ИФЈ.

Повеќето новинари кои се обидуваат да ја напуштат земјата се жени, додава службеникот задолжен за координација на работата на ИФЈ во Авганистан.

На терен, „новинарките беа спречени да работат, некои весници мораа да се затворат“, рече тој. Оние што се обидуваат да ја завршат својата работа го прават тоа „под закана и се многу ограничени во известувањето“.

И покрај „пропагандата дека талибанците нема да се одмаздуваат, извештаите зборуваат дека новинарите и многумина од нив се изложени на закани, додаде официјалниот претставник.

Дојче веле соопшти дека талибанците се во потрага по нивна новинарка, која сега е во Германија, но претходно, во средата, убиле член на нејзиното семејство, а друг тешко го повредиле.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Андоновски: Ќе разговараме со нотарските комори да се прифатат електронските документи како валиден документ

Дејан Дејан

(видео)Андоновски: „Електронскиот паричник“ е опција, не обврска

Дејан Дејан

(видео)Андоновски во Топ Тема: Има десетици компании кои што веќе работат исклучиво електронски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе