Вести Култура

И покрај новите протоколи, зголемен е интересот за културните настани

Во време на пандемија институциите во областа на културата и голем број настани се соочуваат со нови предизвици. Да се почитуваат здравствените протоколи и повторно да се врати публиката. Фестивалот на креативен документарен филм Македокс е еден од првите фестивали кај нас на кој според новите протоколи посетителите треба да приложат сертификат за вакцинација.

Интерес има тоа не радува со толку мал капацитет и брзо се полни, мораме да се прилагодиме и да останат бројките такви какви што се , всушност столчињата, па  така за некои од проекциите се случува да нема место, но сепак имаме четири стејџа на кои се одвива фестивалот и има простор за секој кој сака да погледне документарец да го направи тоа, вели Дарко Набаков, МАКЕДОКС

Факт е дека треба да постојат приоритети во креирање на здравствените протоколи, сепак многу пати се случува културата да биде ставена на маргините иако таа беше и е прибежите за многумина за време на пандемијата низ различни уметнички форми, смета Набаков.

За жал лани прв пат сфативме дека културата прва се затвори и сега гледаме дека тие протоколи повеќе се однесуваат на други сектори во државата, отколку за културата.  Како културата воопшто да не треба да функционира во ова време на пандемија, а од друга страна гледаме дека на луѓето таа им е најпотребна за зачувување на менталната хигиена и ментално здравје во целиот овој период. Културата е жива и потребна на секој од нас.

Во рамките на годинашното 12-то издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ кој ќе трае до 26 август во присуство на 30 гости од странство во 5 натпреварувачки и во програмите „Земја во фокусот“ и детската , ќе бидат прикажани седумдесетина филмови. Фокусот на фестивалот е  насочен кон дистрибуцијата на документарните филмови, со посебен акцент на промоцијата на филмовите низ Европа.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Западен Балкан како под вршник, Пиринеите и Англија со најтоплиот јуни досега

Дејан Дејан

Сè уште е на интензивна нега, но состојбата ѝ се подобрува – ФЗО за една од критично повредените пациентки од пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Сомнежи за злоупотреба на боледувања – контролите двојно зголемени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе