Вести Свет

Часовник на ужасот за снимање голи деца на плажа- во Ровињ уапсен 42-годишeн педофил

Хрватската полиција во Ровињ уапси турист од странство кој тајно ги снимал голите деца на нудистичка плажа во ова летувалиште.

Полицијата соопшти дека е уапсен 42-годишен словачки државјанин по пријава на гости на нудистички камп кои го забележале странецот како чудно се однесува со децата и постојано го вперува својот часовник кон малите жртви.

Во часовникот на фотографијата, полицијата нашла докази за кривично дело „искористување на деца за порнографија“. Часовникот содржел интегрирана камера. По испитувањето и одземање на предметите, осомничениот турист-педофил е притворен.

Хрватски Индекс објави дека Словакот ги снимал и децата на тобоган на кој заедно се спуштал со нив. Кога обезбедувачот на кампот сакал да ја провери пријавата од гостите, 42-годишниот маж се обидел да бега, по што била повикана полиција и го уапсила. По приведувањето пред два дена, Словакот ги лажел полицајците дека е Унгарец но биле пронајдени неговите лични документи во шаторот каде бил сместен.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Растат тензиите меѓу Москва и Баку – Русија го повика Мустафаев

Дејан Дејан

Екс заменик-министер за одбрана на Русија осуден за корупција

Дејан Дејан

Со над 200 амандмани почнува расправата за ребалансот на Буџетот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе