Економија Ковид19 Топ вести

Угостителите бараат поблаги КОВИД мерки, прометот им паднал за 30%

Драстично е намален прометот на угостителите откако стапија во сила најновите мерки за заштита од КОВИД. Изнесува помалку од 30 отсто во однос на изминатите недели иако и во тој период не бил на вообичаено ниво, нормално за нивното работење.

Се откажуваат и веќе закажаните свадби и настани зашто со бројот на вакцинирани гости, не може да се организираат, велат угостителите. Тие денеска на прес-конференција, заедно со колегите од туристичкиот сектор, јавно ја истакнаа потребата од измени на мерките, а таква можност, нагласија, има.

-Чекаме измени кои би биле малку посоодветно осмислени и кои би и дале малку повеќе логика на целата оваа приказна. Ова што е сега во сила, се донесе набрзина поради целата ситуацијата. Апелираме до сите да бидат трпеливи запто се надеваме дека ќе има промени на мерките, истакна потпретседателот на  Туристичко-угостителска комора (ТУК), Мартин Ангеловски.

Според него, во Одлуката за мерките е наведено дека се воведува забрана за влез во секаков вид угостителски објект за лицата кои не поседуваат сертификат, односно потврда за извршена имунизација или сертификат за прележан КОВИД во последните 45 дена.

-Сметаме дека тука треба да се создаде можност за влез во овие објекти и за лицата кои прележале ковид-19 во изминатите 6 месеци или кои ќе приложат резултат од негативен PCR тест или антиген тест. На тој начин повторно се внимава на заштита на здравјето, но се создава дополнителна можност за да не бидат изолирани лицата кои не се вакцинирани, а сепак имаат стекнат имунитет или со тест докажуваат дека не се носители на вирусот. Одлуката предвидува од 1 септември за влез во државата да се приложи сертификат/потврда за вакцинација или потврда за прележан вирус во последните 45 денови. Сметаме дека и тука барањето за потврдата за прележан вирус во последните 45 дена, треба да биде заменета со потврда за прележан вирус во последните шест месеци, како што е во поголем број од државите и што е согласно препораките на стручната јавноста, нагласи Ангеловски.

Тој укажа и на потребата мерките да се спроведуваат и почлитуваат без исклучоци.

-Сведоци сме на ситуации дека во одредени угостителски субјекти континуирано не се почитуваат мерките и препораките, а при тоа нема последици, напротив. Тие се нелојална конкуренција. Покрај тоа што веќе истакнавме дека вработените во угостителските објекти немаат правна надлежност и овластување за барање документи за лична идентификација од посетителите, укажуваме и на опасноста од појава на фалсификувани потврди за вакцинација или за прележан вирус, за кои вработените во угостителските објекти немаат никаква надлежност. Ако инспекциите утврдат таков случај, одговорност треба да се бара од носителот на сертификатот, а не од објектот, истакна Ангеловски.

Ана Марија Алексова, член на ТУК, презентираше дополнителни барањата кои се однесуваат на секторот туризам.

-Во одлуката во која се регулираат новите мерки е дозволено за да се влезе во државата, покрај поседување на сертификат за примена вакцина или потврда за прележан вирус да се одбере и можност 7 дневна изолација. Во овој дел бараме изолацијата да може да биде прекината по приложен негативен тест. Тоа значи дека граѓаните на самите гранични премини да се земат документ за самоизолација, а истата да може да биде прекината со приложување на негативен PCR тест или антиген тест уште во наредните 24 часа. Исто така потребно е во меѓуграничните зони да се воспостави можност за изработка на тестови за КОВИД кои ќе бидат по достапни цени. За намалување на трошоците на граѓаните добро во мерките да се предвиди можноста за влез во државата со негативен селф антиген тест, кој може да се купи во аптека, истакна Алексова.

Таа потенцира дека е неопходно да се земе превид дека воведувањето на новите мерки и рестрикции значи сериозно ограничување во работата на туристичко-угостителскиот сектор поради што и треба да се планираат економски мерки за поддршка.

-Истакнуваме и дека туристичката сезона се уште трае и треба да се креираат мерки кои се создадат услови  за таа  да може да се заврши и да се реализираат аранжманите кои беа одложени од минатата година на безбеден и сигурен начин. Со измените кои ги бараме и кои се веќе доставени до Владата сметаме дека ќе се постигне подобра заштита на колективното здравје, како и намалување на штетните економски последици, рече Алексова.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пакистан и Индија се согласија на целосно примирје

Дејан Дејан

Паметен помошник или дигитална опасност?

Дејан Дејан

Убиство со пиштол купен за 1 100 евра, девојка-возач за бегство и многу мистерии дали за штипската престрелка на турски државјани е одговорна дрога, девојка или одмазда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе