Најважни Свет

Околу две третини од Американците веруваат дека војната во Авганистан не вредела да се води

Околу две третини од Американците веруваат дека 20-годишната војна во Авганистан не вредела да се води, покажа новото испитување на јавното мислење.

Истражувањето спроведено од Асошиетед прес и истражувачкиот центар НОРЦ, исто така, покажа дека Американците се длабоко поделени во врска со начинот на кој претседателот Џо Бајден ја води надворешната политика и управува со националната безбедност, пренесува Бета.

Според истражувањето, спроведено од 12 до 16 август, 47 проценти од испитаниците ја одобруваат надворешната политика на Бајден, додека 52 проценти имаат позитивен став кон неговата политика во областа на националната безбедност.

Бајден наиде на остри критики од двете големи американски партии, чии членови го обвинуваат дека ја поттикнал хуманитарната криза во Авганистан со лошата подготовка за офанзива на талибанските екстремисти, кои минатата недела ја презедоа контролата врз речиси целата земја.

Околу две третини од анкетираните Американци, исто така, рекоа дека војната во Ирак, во која САД учествуваа од 2003 до 2011 година, била грешка.

Околу 50 проценти од Американците се загрижени за заканата што ја претставуваат екстремистички групи надвор од САД, а третина се релативно загрижени.

Околу две третини од испитаниците изјавија дека се крајно или многу загрижени за заканата што ја претставуваат екстремистичките групи во рамки на САД.

Талибанците воведдоа полициски час во Кабул, при што никој не смее да го напушти домот од 21 часот до зора, освен во итни случаи.

Талибанците објавија телефонски броеви во случај граѓаните да мора да излезат за време на полицискиот час.

Не е познато до кога ќе биде во сила полицискиот час.

Во доверлив документ на Обединети нации се наведува дека талибанците трагаат за лицата кои соработувале со американската армија и со НАТО и покрај ветувањето дека нема да се осветуваат на нивните противници.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Растат тензиите меѓу Москва и Баку – Русија го повика Мустафаев

Дејан Дејан

Екс заменик-министер за одбрана на Русија осуден за корупција

Дејан Дејан

Трамп: Израел се согласи на условите за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе