Свет Топ вести

Бајден: Кризата во Авганистан не е неуспех

Американскиот претседател Џо Бајден синоќа го бранеше повлекувањето на американските трупи од Авганистан, истакнувајќи дека не мисли оти кризата претставува неуспех, тврдејќи  оти немало подобар начин тоа да се изведе.

Тој во интервју за Еј-Би-Си Њуз на прашањето дали имало грешка во разузнавачките податоци, планирањето, извршувањето или процената довеле до ситуацијата во Авганистан, истакна дека не мисли оти тоа е неуспех.

Имаше влада на Авганистан, лидерот на владата влезе во авион, полета и замина во друга земја. Видовте значителен колапс на авганистанската армија, која ја обучувавме, тоа се случи. Тоа едноставно се случи, посочи Бајден.

Тој на прашањењто дали повлекувањето можело да се изведе на поинаков начин одговори: „Не“.

Бајден посочи дека хаосот во Авганистан бил неизбежен по повлекувањето на американските трупи, иако со месеци ветуваше сигурно повлекување.

Единствена работа која не ја знаевме е што ќе направат талибанците, дека ќе се обидат да ги спречат луѓето да излезат. Што прават сега? Соработуваат, дозволувајќи американските граѓани да излезат. Американскиот персонал заминува, амбасадите заминуваат, и така натаму. Но, имаме потешкотии со тие кои ни помагаа додека бевме таму, посочи Бајден.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

(Видео) Некои загубиле свест, некои пишувале проштални пораки – драма на лет во Јапонија, авион паднал 25.000 стапки за 10 минути

Дејан Дејан

Ѓоковиќ: Се замислувам во пензија на плажа со Федерер и Надал како пиеме коктели

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе