Ковид19 Свет Топ вести

Талибанците прогласија исламски емират во Авганистан, бројот на бегалци незапирливо расте

Бодликатва жица и два метари високиот ѕид не се единствената пречка за илјадниците авганистански бегалци кои очајно се обидуваат да ја напуштат земјата, која потпадна под талибанска власт. Војниците, кои во хаосот се обидуваат да создадат ред пред аеродромот во Кабул, на бегалците им бараат документи за идентификација, некои од нив имаат само потврди издадени од ООН во кои се иденфикувани како жртви. Оваа млада жена, која по професија е доктор бара излез од државата заедно со нејзината сестра и мајка, вели талибанците нѐ принудуваат на присилен брак.

Ние немаме браќа, немаме татко, овде животот ни е многу тежок. Живеевме во Херат и побегнавме од таму, дојдовме во Кабул за да си ги спасиме животите бидејќи моите вујковци работеа со талаибанците и сакаа да не принудат на присилен брак. Јас сум лекар, мојата сестра работеше за женските права. Мојата мајка е учителка. Таа ги учеше децата од осмо одделение. Тие се момчиња. Талибанците не и дозволуваат да ги учи момчињата и сега мојата мајка не работи, вели таа.

Повеќе од два милиони бегалци од Авганистан се наоѓаат во соседните Иран и Пакистан. Авганистанците, пак кои пешки ја напуштија државата после неколку седмици пат преку Иран, пристигнаа на границата со Турција. Во оваа група имало и семејство со две деца, како и болен човек, кој не можел да оди на лекар поради нерешениот статус. Пред да го продолжат патот изутрина, добија храна од невладините организации.

Дојдовме од Авганистан и сакаме да одиме во Европа, ситуацијата е лоша во Авганистан, талибанците дојдоа, отсекуваат глави, нема работа во Авганистан. Нѐ снајде несреќа, сиромашнија и селење, поминувавме граници и дојдовме овде, изјави еден од бегалците.

Турскиот претседателот Ердоган минатата недела призна дека Турција се соочува со нов бегалски бран од Авганистан и дека неговата влада заедно со Пакистан се обидува да завладее стабилност во оваа разорена земја од војната. Турција е дом на четири милиони мигранти, најголем дел Сиријци.

Денеска на Денот на независноста на Авганистан, 19 август по улиците на градвите голем број поддржувачи на талибанците маршии со развиорени знамиња. Талибанците се вратија на старо и прогласија формирање на Исламски Емират Авганистан. Со земјата ќе владее врховен лидер и талибански совет врз основа на шеријатскиот закон.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Eспресо во Скопје 150 денари, во Софија две евра – работниците „бегаат“ во Хрватска и Словенија поради ниските плати во угостителството и туризмот

Дејан Дејан

Се трага по 32 исчезнати лица откако траект потона близу островот Бали

Дејан Дејан

Следниот четврток европратениците ќе гласаат за недоверба на Комисијата на Фон дер Лајен

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе