Свет Топ вести

Талибанците прогласија крај на војната, на жените им ветија права

Војната заврши … лидерот им прости на сите. Авганистанскиот народ може да ја преземе својата слобода и да ја исчисти земјата од окупаторот“. Ова е пораката на претставникот на талибанците Забихула Муџахид, кој со години важеше за сомнителна фигура, но ги дуплираше напорите- Талибанците да го убедат светот дека групата која брутално владееше со земјата во деведесетите, сега се променила. Но сликата од Кабул покажува дека Талибанците наоружани до заби со автомобили на авганистанската војска патролираат по улиците на градот, а бројните жители ги набљудуваат. Сосема малку или воопшто нема жени на улиците. Плакатите со жени се искинати, а фасадите на дуќаните се префарбани. Талибанците денеска на своето прво јавно појавување најавуваат дека жените ќе биде почитуван дел од заедницата.

Ако даде Господ, во согласност со шеријатскиот закон, ние ќе им дозволиме на жените да работат, жените се важен елемент во нашето општество и ние ги почитуваме. Во сите општествени сфери, таму каде што му се потребни на општеството ќе имаат активно присуство- Забихулах Муџахид, портпарол на талибанците.

Муџахид потенцираше дека во блиска иднина ќе биде донесено политичкото решение кое ќе биде прифатливо за сите Авганистанци. На прес- конференцијата уверуваше дека никој од странстките претставници нема да биде повреден, а авганистанското тло никогаш нема да биде употребено против соседите или други држави.

Во истовреме авганистанскиот потпретседател Амрула Салех денеска се прогласи за вршител на должноста претседател на државата и повика на отпор против талибанците. Тој на Твитер напиша дека дека според Уставот се смета за в.д. претседател, имајќи предвид дека досегашниот претседател Ашраф Гани избега од земјата.

На аеродромот во Кабул преполните товарни авиони на САД ги евакуираат бегалците, иако талибанците ветуваат општа амнестија за сите.

Веќе најавивме општа амнестија за сите Авганистанци, сите кои работеа во администрацијата на Кабул, кои работеа со странците, во амбасадите. Денеска најавуваме дека нивниот имот ќе биде спасен, а нивната чест и живот се безбедни-Сухаил Шахеен, портпарол на талибанците.

Во американската база во Кабул, талибанците денеска ја посетија и теретаната обидувајќи се да откријат која справа за што служи. Четири дена по освојувањето на градот Логар младите талибански борци уживаа во животот, па дури и се засладија со сладолед во слаткарниците.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

(Видео) Некои загубиле свест, некои пишувале проштални пораки – драма на лет во Јапонија, авион паднал 25.000 стапки за 10 минути

Дејан Дејан

Ѓоковиќ: Се замислувам во пензија на плажа со Федерер и Надал како пиеме коктели

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе