Свет Топ вести

На улиците на Кабул нема веќе жени, талибанците на сладолед и во теретана

Сосема малку или воопшто нема жени на улиците на Кабул, само два дена откако талибанците ја презедоа контролата над авганистанската престолнина. Талибанците наоружани до заби со автомобили на авганистанската војска патролираат по улиците на градот, а бројните жители ги набљудуваат. Ова е денешната слика од Кабул каде плакатите со жени се искинати и фасадите на дуќаните се префарбани. Залуден е повикот на ОН дека на жените треба да им се обезбеди работа, а девојчињата треба да одат на училиште.

Рекоа дека жените можа да работат, а девојчињата да одат на учулиште. Таквите ветувања мора да се исполнат – Руперт Колвил, портпарол на ОН.

Во американската база во Кабул, талибанците денеска ја посетија и теретаната обидувајќи се да откријат која справа за што служи.

Четири дена по освојувањето на градот Логар младите талибански борци уживаа во животот, па дури и се засладија со сладолед во слаткарниците. Жителите почнаа да се враќаат на улиците, а денеска отворен е и пазорот. Некои велат дека е подобро сега бидејќи контролата ја има само една страна. Талибанците на првата прес-конференција убедуваат дека сите ќе бидат амнестирани.

Веќе најавивме општа амнестија за сите Авганистанци, сите кои работеа во администрацијата на Кабул, кои работеа со странците, во амбасадите. Денеска најавуваме дека нивниот имот ќе биде спасен, а нивната чест и живот се безбедни- Сухаил Шахеен, портпарол на талибанците.

 

Мислим да е подобро кога се контролира една страна. Многу сум среќен – Фаиз Акбари, студент.

Во истовреме илјадници Авганистанци со товарни авиони на американската војска ја напуштаат земјата. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вели дека неговата земја нема да брза со признавањето на новата талибанска влада, но делиме исти ставови со Кина.

Го поддржуваме почетокот на инклузивниот национален дијалог со вклучување на сите политички сили и конфесии во Авганистан, процес кој поранешниот авганистански председател Хамид Карзаи веќе го поддржа- Сергеј Лавров, министер за надворешни работи на Русија.

Нема да ги повторам грешките од минатото- американскиот претседател Џо Бајден во своето објаќање повтори дека цврсто стои зад одлуката за повлекување на американските војници. Уште колку генерации американски ќерки и синови сакате да испратам да се борат во авганистанската цивилна војна, ги праша тој оние кои ја критикуваат неговата одлука.

Билајна Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Нуклеарката Запорожје остана без струја, Украина ја обвини Русија

Дејан Дејан

„Паднал низ прозорец“ – почина потпретседател на руска нафтена компанија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе