Свет Топ вести

Во разорниот земјотрес на Хаити загинаа најмалку 700 лица, а 1.800 се повредени

Најмалку 700 луѓе загинаа, а 1.800 се повредени во земјотресот со интензитет од 7,2 степени според Рихтеровата скала што го погоди вчера југозападниот дел од Хаити, соопштија властите. Земјотресот уништил куќи, училишта, хотели и цркви.

Епицентарот на земјотресот бил на 8 километри од градот Петит Тру де Нипес, што е 150 километри од главниот град на карипската островска држава, Порт-о-Пренс, објави американскиот геолошки институт.

Земјотресот се случи на длабочина од 10 километри во саботата околу 8.30 часот по локално време, и беше почувствуван во Куба и Јамајка, проследен со серија последователни земјотреси.

Цивилната заштита на Хаити објави дека бројот на жртвите од земјотресот се искачи на 304 загинати и најмалку 1.800 повредени. Во спасувачките операции на итните служби и населението, многумина беа извлечени од урнатините, но по многумина се уште се трага.

Во земјотресот се уништени најмалку 949 куќи, седум цркви, два хотели и три училишта, а оштетени се повеќе од 700 куќи, седум училишта, три болници и затвор, но нема информации за поголема штета на поморската, воздушната и телекомуникациската инфраструктура.

Премиерот Ариел Хенри прогласи едномесечна вонредна состојба.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор за полициски службеник кај кого биле пронајдени илјадници евра и злато – тој призна дека сторил проневера во служба

Дејан Дејан

Цените на храната во јуни највисоки во последните две години

Дејан Дејан

Обвинение за директорот на Геријатрија- се товари дека побарал мито 20.000 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе