Талибанците стигнаа до периферијата на Кабул, главниот град на Авганистан, каде се слушаа пукотници иако бунтовниците рекоа дека нема насилно да го освојат градот. Во моментот се разговара за мирна транзиција на власта, а Талибанците се упатија кон кон претседателската палата. Министрите од авганистанската влада во обид да го смиран населението, уверуваат дека градот е безбеден и дека според договорот “трансферот“ на власта ќе оди по мирен пат.
-Луѓето не треба да бидат загрижени, градот е безбеден, а секој кој ќе предизвика неред ќе се соочи со конфронтација. Сигурноста на градот е загарантирана и нема да биде нарушена, договорт за главниот град Кабул е власта мирно да се предаде на привремената управа – Абдул Сатар Мирзаквал, ВД министер за внатрешни работи.
Талибанците денеска објавија дека ја контролираат целата територија на Авганистан. Телевизија Ал Арабија објави дека претседателот на Авганистан, Ашраф Гани, ќе поднесе оставка во следните неколку часа. Акцијата на талибанците во изминатата недела се одвиваше со молскавична брзина, сега се отвора прашањето зошто колабираа авганистанските сили после долги години американска обука и потрошени милијарди долари. Паника владее на улиците на Кабул и на меѓународниот аеродром кој е последната рута за излез од земјата, бидејќи талибанците сега го контролираат секој граничен премин.
-Со оглед на ситуацијата во моментов, нема гаранции каде оди иднината на Авганистан? Борбите од ден на ден се се полоши, а опозицијата напредува. Порано работев со странците не сум безбеден. Секој ден имам стрес што че се случи со мене-Абдул Абед, жител на Кабула.
Хеликоптери слетуваат во американската амбасада во Кабул каде денеска пристигнаа првите трупи кои треба да ја спроведат евакуацијата на персоналот.
Претседателот Бајден го зголеми на пет илјади бројот на војниците кои ги испраќа во Авганистан и во истовреме не жали за неговиот потег да ги повлече војниците од Авганистан после 20 години. Бајден рече дека САД продолжуваат со блиска воздушна поддршка, исплата на плати и снабдување на авганистанските сили со храна и опрема. Но, тој додаде: „Мора да се борат за себе“. Авганистан е соочен со
Хуманитарна катастрофа илјадници чивили со денови живеат под отворено небо. А Невладините организации кои се во Кабул велат дека таму е многу несигурно и опасно за нив
- Преку ден е многу жешко, а навечер се смрзнуваме. Нема доволно теписи, ќебиња и други работи. Имам само 20 парички в џеб и не знам што ќе права ако не обезбедат храна за нас, што да правам со 20 парички и како да се грижам за своите деца- Мохамед, расено лице.
- Тоа е исклучително ризично подрајче. Имаме ценатр за раселени во Кабул, но голем број од нашиот персонал се авганистански државјани, кои се во уште поголем ризик. Целта ни е да останеме и да им пружиме помош, но во моментов е критично- Елен МекКати, Норвешки совет за бегалци.
Премиерот Еди Рама потврди дека Албанија го прифатила барањето на САД да згрижи Авганистанци, чии животи се загрозени од талибанците. Албанија може да послужи како транзитна земја за одреден број авганистански политички имигранти, чија крајна дестинација се САД.
Билјана Ставрова