Македонија Свет Топ вести

Десетици македонски државјани заглавени во Авганистан

Десетици македонски државјани се се уште во Авганистан, каде по повлекувањето на американските сили, се разгорија воените дејствија. Работна група на МНР ја следи состојбата и ги координира активностите за нивно извлекување. Нашите граѓани се соочуваат со потешкотии да букираат карта за комерцијалните летови кои се уште полетуваат од Кабул, па затоа МНР даде итна инструкција до дипломатската мрежа да се стапи во контакт со нив.

Министерството веќе стапи во контакт со неколку компании кои обавуваат активности на територијата на Авганистан, при што се добиени информации за неколку десетици наши граѓани кои се наоѓаат во Авганистан, како и за плановите на компаниите за евакуација на граѓаните кои се ангажирани преку нив. Дополнително, воспоставена е комуникација со неколку пријателски земји кои имаат свое логистичко присуство во Кабул, со цел да се подготват и логистички можности за асистенција на нашите граѓани доколку се појави потреба за тоа, соопштуваат од МНР.

Роднините на луѓето кои работат во Авганистан загрижени се јавуваат во Телма по одговори кога и како нивните најблиски безбедно ќе се вратат дома.

Илјадници Авганистанци и други патници побегнаа денеска од земјата со ретките и пребукирани летови од меѓународниот аеродром во Кабул. Во аеродромската зграда бројни патници на шалтерите бараа карта повеќе за денешниот авион за Истанбул. Откако Талибанците изминатите денови ги зазедоа градовите Херат на запад и Кандахар на југот на земјата, Кабул е под директна закана. Преведувачите кои беа поддршка на американската војска нестрпливо чекаат виза за да побегнат од Кабул пред да започне офанзивата на талибанците во градот.

Им служевме на американските сили. Им служевме на коалиционите сили. Тие мораат да се грижат за нас. Сега е ред нам да ни се помогне. Им помогнавме, знаете им ги спасивме животите. Ние бевме луѓето за комуникација со двете култури, бидејќи без преведувачи ништо немаше да направат, вели Али, поранешен преведувач на американските сили.

Стејт департментот откако се увери дека авганистанската влада не може да го запре налетот на Талибанците, денеска испрати доплонителна војска за извлекување на преостанатиот персонал. Во тек се консултации за запирање на војната во Авганистан, претседателот Гани со телевизиско обраќање до нацијата.

Во моменталната ситуација наш приоритет е кохезија на безбедносните и одбрамбените сили, се преземаат сериозни мерки. Знам дека сте загрижени за вашата сегашност и индина, ве уверувам како ваш претседател сконцентрирани сме на спречување на нестабилноста, насилствата и раселувањето на луѓето- Ашраф Гани, претседател на Авганистан.

Додека германската канцеларка Меркел е на кризен состанок со кабинетот, Катарската влада веќе соопшти дека нивниот министер за надворешни работи на средба со шефот на талибанците разговарал за прекин на огнот. Во Авганистан, каде Талибанците веќе под контрола имаат две третини од земјата, само за неколку дена се убиени повеќе од 1.000 луѓе, а најмалку 241.000 се принудени да ги напуштата своите домови.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор за полициски службеник кај кого биле пронајдени илјадници евра и злато – тој призна дека сторил проневера во служба

Дејан Дејан

Цените на храната во јуни највисоки во последните две години

Дејан Дејан

Раст на приходите од патарини во првото полугодие

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе