Македонската машка ракометна репрезентација до 19 години се пласираше во финалето на Б Европското првенство што се одржува во Скопје. Избраниците на Кире Лазаров по голема борба и по изведување на удари од седум метри ја совладаа Швајцарија со 34:33.
По шеесет минути жестока борба на теренот на А1 арената Борис Трајковски резултатот беше 28:28.
Противник на репрезентацијата на Македонија во неделното финале ќе и биде селекцијата на Полска која славеше над Босна и Херцеговина со 41:29.
ФОТО: Игор Паневски