Свет Топ вести

Талибанците го зазедоа и Кандахар, Кабул е под опсада, МНР забрани патување во Авганистан

Талибанците само за неколку дена под своја контролираат имаат две третини од територијата на Авганистан. Препоставките се дека освојувањето на Кабул ќе започне на први септември откако и последниот американски војник ќе се повлече од земјата. Додека ОН расправаат за осуда за нападите на талибанците, во Авганистан се разгорува хуманитарната криза, илјадници луѓе беа приморани да ги напуштат своите домови.

Талибанците ја продолжија офанзивата во Авганистан, заземајќи го вториот по големина град – Кандахар, местото од каде потекнува нивното движење. Тие го продолжија својот марш кон главниот град Кабул, а нецела една недела освоија 12 од 34 авганистаски провинции. Одбиен е и предлогот на авганистанските власти за поделба на власта и прекин на огнот.

Напредокот на талибанските сили под чија контрола се Кандахар и Лашкар Гах едни од поголемите градови во земјата се гледа и на мапата објавена на Би-Би-Си. Бројот на териториите кои се под авганистанска власт постојано се намалува.

Талибанците сега контролираат две третини од Авганистан, а американските експерти проценија дека Кабул ќе „падне“ за само 90 дена, иако е можно рокот да биде скратен.

Во Фарах, талибанцските борци влечеа по улица крваво тело на еден припадник на авганистанските безбедносни сили извикувајќу „Алах е голем“

Ситуацијата во градот е под контрола, нашите муџахедими патролираат низ градот, сите луѓе се многу среќни, бидејќи муџахедините од исламските емирати ги уверуваат луѓето дека нема причина за грижа, изјави еден талибански борец.

Додека Советот за безбедност на ОН расправа за осуда на нападите на талибанците во Авганистан и цивилните жртви, хуманитарната криза незапирливо расте. Илјадници луѓе ги напуштија своите домови и бараат засолниште во главниот град.

Да навистина, кога Американците ја напуштија нашата земја, започна оваа катастрофа. Не ги обвинувам Американците, туку претседателот Гани, бидејќи кога си заминаа Американците, почна уништувањето на нашата земја, рече Фарида Курасани, раселена од Кундуз.

Пентагон испраќа дополнителни 3.000 војници кои следните два дена ќе работата на извлекување на персоналот од амбасадата во Кабул до аеродромот. Како што одговори пред новинарите, портпаролот на Пентагот Џон Кирби, САД не размислуваат за зголемување на бројот на војници во Авганистан.

Мислам дека сосема јасно ставивме до знаење дека трите пешадиски батаљони и еден бригаден тим се доволни за регионот како резерва. Така шпто во моментов немаме планови за дополнителни сили, рече Џон Кирби портпарол на Пентагот.

САД целосно ќе ги повлечат своите трупи и формално ќе ја заокружат својата улога во војната на 31-ви август, како поддршка на допломатите таму се околу 650 војници. Овој потег ја урна довербата во администрацијата на претседателот Бајден, бидејќи авганистанската влада не успеа да ја осигура безбедноста во Кабул, град кој е под опсада на талибанците. Според експертите тие планираат на нападнат токму на 1-ви септември кога американците ќе го напуштат градот.

Заради воените дејствија во Авганистан, македонското Министерството за надворешни работи им препорачува на македонските државјани да не патуваат во оваа држава, а доколку се таму да заминат во најкус можен рок. Ова телефонската линија за помош на граѓаните ма Македонија кои се наоѓаат таму +389 75 273 732.

Загрижени семејства чии роднини работат во Авганистан се јавуваат во редакцијата на Телма и велат дека кога ќе се јават на телефонскиот број во МНР не добиваат информација кога нивните блиски ќе се вратат дома на сигурно. Воп неизвесност сме, ни останува само да чекаме, велат тие.

Билјана Стварова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Нуклеарката Запорожје остана без струја, Украина ја обвини Русија

Дејан Дејан

„Паднал низ прозорец“ – почина потпретседател на руска нафтена компанија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе