Економија Топ вести

Пожарите ги уништија пасиштата, измами со сточна храна во млешевијата

Малешевските сточари се на мака за сточна храна по големиот пожар, кој им ги проголта дел од пасиштата. Токму во нивната битка да опстои сточниот фонд и производството на брендираното малешевско сирење и јагне, некој  печали и ги измамува. 39 годишен сточар од Пехчевско село пријавил дека вчера бил измамен при купување на сточна храна за својот добиток. Измамниците го олесниле за 70.000 денари.

Според пријавеното, лицето му се јавило и му понудило да му продаде јачмен, а тој прифатил. Како што е пријавено, откако се договориле, лицето побарало парите да ги остави на таксист од Виница. Исто така, според пријавата, откако ги предал парите се обидел повторно да го побара лицето, но телефонскиот број му бил недостапен, се вели во соопштението на СВР-Штип.

Во апелот на СВР Штип упатен до сточарите во источниот регион се открива дека измамниците  се претставуваат како претставници на институции и нудат житни култури по значително пониска вредност од пазарната. Алепираат договори да не склучуваат по телефони, со лица кои не ги познаваат и да не им вршат исплата во кеш, туку преку трансакциски сметки. Пред неколку денови во замката на измамниците се вплетка и сточар од Овчеполието.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пакистан и Индија се согласија на целосно примирје

Дејан Дејан

Паметен помошник или дигитална опасност?

Дејан Дејан

Убиство со пиштол купен за 1 100 евра, девојка-возач за бегство и многу мистерии дали за штипската престрелка на турски државјани е одговорна дрога, девојка или одмазда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе