Култура Топ вести

Дел од вработени во уметничките установи ќе ги чекаат старите плати најрано до ноември

Оштетени уметници кои добиваат пониски плати, согласно Колективниот договор, ќе ги чекаат старите, повисоки плати дури по изборите. Министерството за култура сеуште не испратило информација до Владата за дополнителни исплати на плати и разлики на плати, се жалат од Синдикатот за култура. Од таму велат дека Министерството на почетокот на јуни требало да постапи , согласно одлуката на Комисијата за следење на примената и толкување на Колективниот договор, а не постапило.

Над 100 вработени во повеќе уметнички установи, на кои платите им се намалени повеќе од една година, согласно Колективниот договор и покрај одлуката  на Комисијата за следење на примената и толкување на Колективниот, не добија повисоки износи и разлики на платите во јули, реагираат од Синдикатот за култура. Од таму велат дека Министерството за култура сеуште не ја известило Владата за потребата од дополнителни исплати, а требало да го стори тоа на почетокот на јуни.

  • За жал Министерството киксираше и едноставно не ја испрати на време информацијата до Владата и поради тоа откако веќе е распишан изборниот процес и за време на изборниот процес Министерството за финансии законски не смее да издејствува повеќе сретства за ова да биде спроведено – Гоце Павловски – Генерален секретар на СКРМ.

Од тие причини, оштетените вработени во уметничките установи , ќе чекаат најрано во ноемри да ги добијат платите по старо, велат од СКРМ. Од Министерството за култура добиле одговор дека пресметките од установите стигнале со задоцнување и од тие причини не ја информирале Владата.

Телма ги контактираше раководствата на МНТ и НОБ. Од МНТ ни рекоа дека корегираните пресметки на платите, по старо, ги испратиле до ресорното министерство на 13 јули. А , од Националната опера и балет ги доставиле на 22 јули. Но, од СКРМ не се задоволни и сметаат дека се неопходни реформи во Министерството за култура и во управувањето на установите.

Од ресорот Култура потврдуваат дека корекциите на платите ќе стигнат по локалните избори, а во меѓувреме, ќе бидат превземени сите неопходни активности за да се обезбедат ретроактивни исплати на сите корегирани плати, согласно заклучокот на Комисијата за следење на примената и толкување на Колективниот договор.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мексиканска инфлуенсерка застрелана во живо додека снимала за мрежата „TикТок“

Дејан Дејан

Бремена Израелка убиена на Западниот Брег

Дејан Дејан

По победата Рама вети членство во ЕУ до 2030

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе