Свет Топ вести

49 000 хектари шуми уништени во пожарот на грчкиот остров Евија

Додека огнената стихија која беснееше надвор од контрола на вториот грчки остров по големина Евија, полека стивнува, првичните информации навестуваат страотна материјална штета од невидени размери.

Според информативниот систем за глобални шумски пожари на Европската Унија, повеќе од 49 000 хектари шума биле уништени на Евија, што е убедливо најмногу од сите пожари кои минатите денови беснеа во Грција.

Речиси 900-тини пожарникари и над 200 возила се бореа против огнот во северниот дел од Евиа, каде пожарите започнаа да се шират од 3-ти Август. Меѓу нив беа и екипи од Украина, Романија, Србија, Словачка и Полска , дел од огромниот меѓународен одговор на грчкиот повик за помош. Тие беа поддржани и од воздух од 14 хеликоптери.

Огромниот пожар се ширеше во област каде селата се испреплетени со густата борова шума.  Непристапниот терен и густиот чад кој ги спречуваше летовите на хеликоптерите, за дел од локалните жители и волонтерите значи дека мораат самите да се борат против огнот, во обид да ја заштитат шумата, од која многумина ја обезбедуваат егзистенцијата.

Таков е случајот и со грчкото село Каматриадес, сместено во густата шума на врвот на едно брдо на островот, каде локалните жители борбата ја водеа и без вистинските алатки за гаснење на огнот. Наместо тоа користеа вода која самите ја пренесуваа до опожарените места, со гранки од дрвјата се обидуваат да ги елиминираат жариштата која се појавуваа а со моторни пили сечеа дрвја кои беа на патот на огнот за да го спречат неговото ширење.

“Немаме помош од никого, како што може да видите, ниту противпожарни возила, ниту авиони, ништо. Сите ние кои сме тука сме доброволци, некои работиме во шумата, каде или сечеме дрвја или ловиме. Не добиваме ништо, никаква помош” – изјави Костас Колуоритис, од селото Каматриадес.

“Повеќето од нас, сме фармери. Работиме со шумата, имаме производи од шумата, како дрво за огрев и слично. Значи сега имаме големо намалување на приходите” – додава негов сожител.

Уште неколку поголеми шумски пожари горат во земјата, додека најтешкиот е лоциран во регионот на јужен Пелопонез, од каде вчера беше спроведена нова евакуација на локалното население. Во тек е и кривична истрага за појавувањето на пожарите, при што се проверува и можната криминална поврзаност. Неколку лица осомничени за подметнување на пожарите веќе се уапсени од полицијата.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Нуклеарката Запорожје остана без струја, Украина ја обвини Русија

Дејан Дејан

„Паднал низ прозорец“ – почина потпретседател на руска нафтена компанија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе