Ковид19 Свет Топ вести

Во Германија речиси 9.000 луѓе наместо вакцина против Ковид-19 примиле физиолошки раствор

Речиси 9.000 луѓе во Германија ќе мора повторно да примат вакцина против Ковид-19 откако е откриено дека наместо вакцина примиле физиолошки раствор.

Локалните власти на округот Фрисланд ги повикаа вакцинираните граѓани да се јават за да ја примат вистинската доза од вакцината, и е отворена телефонската линија за итни случаи.

Утврдено е дека физиолошки раствор примиле 8.557 лица од 70 години во периодот од 5 март до 21 април.

Бидејќи не знаеме точно колку од нив добиле обичен физиолошки раствор наместо вакцина, во период од седум недели, им понудивме на сите да ја повторат вакцинацијата, се наведува во соопштението од локалниот Кризен штаб.

Скандалозниот случај беше откриен на крајот на април, кога медицинска сестра се посомневала дека примила физиолошки раствор, наместо вакцина против Ковид-19, но се претпоставуваше дека се работи за само шест инјекции исполнети со физиолошки раствор.

Во истрагата за овој случај се приклучи и специјален комесар за политички мотивирани злосторства, бидејќи медицинска сестра сподели критички ставови за вакцинацијата на социјалните мрежи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Нуклеарката Запорожје остана без струја, Украина ја обвини Русија

Дејан Дејан

„Паднал низ прозорец“ – почина потпретседател на руска нафтена компанија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе