Свет Топ вести

Лукашенко: Руска армија ќе биде распоредена во Белорусија

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека е подготвен да распореди руска армија на територијата на неговата земја во случај да се појави опасност од нова светска војна.

Со овие зборови тој одговори на загриженоста на западните земји за евентуално распоредување на руска воена база во Белорусија.

Зошто воопшто вие сте загрижени дали руска воена база ќе биде распоредена во Белорусија? Таа тука не е потребна, што потврдивме претседателот на Русија и јас. Тоа што вие создавате бази и се заканувате со нуклеарно оружје … Прво сами размислете. А тука, доколку е потребно, не само што ќе биде распоредена воена база, туку целата руска армија. И тоа под кои услови? Во случај на нова светска војна, истакна Лукашенко.

Тој додаде дека Русија во моментов нема причина да троши пари за да направи воени бази на територијата на Белорусија.

Јас лично би бил заинтересиран тука да бидат распоредени сериозни ракетни системи, меѓутоа, вие не можете само така да ги носите во соседството на НАТО, бидејќи тогаш тие би биле на дофат на Алијансата. Не треба да се носат ниту ракети тука, особено нуклеарни, бидејќи во тој случај, тие би биле во опсегот на обичното оружје на Алијансата, и тоа од Полска и Литванија објасни шефот на белоруската држава.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Нуклеарката Запорожје остана без струја, Украина ја обвини Русија

Дејан Дејан

„Паднал низ прозорец“ – почина потпретседател на руска нафтена компанија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе