Најважни Свет

За неколку дена 586 пожари во Грција

Грчките пожарникари, заедно со пожарникарите од над 20 земји кои испратија помош, со волонтери и со локалното население веќе неколку дена се борат со активните пожари низ цела Грција, а сè уште најкритично е на островот Евија, каде што веќе осми ден огнените јазици не се ставени под контрола.

Доцна синоќа имаше ново разгорување на жариштата во неколку села на островот, а од жителите на едно од селата беше побарано превентивно да се евакуираат.

Сепак не е мал бројот на оние кои и покрај апелите за евакуација остануваат за да им помогнат на пожарникарите, да ја запрат огнената стихија и да ги спасат нивните домови и имоти.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис вчера порача дека целосно ја разбира болката на граѓаните кои гледаа како горат нивните домови и имоти, истакна дека најважно било да се спасат човечки животи, додадавајќи дека изминатите денови беа едни од најтешките во последните децении и воедно им се извини на граѓаните „за евентуалните слабости што постоеја“ во справуваењето со пожарите.

-Се соочуваме со природна катастрофа од невидени размери, за неколку дена, избија 586 пожари избија во сите делови на Грција. Пожари, кои поради досега невидената жештина и повеќемесечната суша, веќе многу тешко се гаснат, рече вчера Мицотакис.

Паралелно грчкиот премиер најави и мерки за поддршка на погодените од пожарите, а одлуките ќе бидат донесени на денешната владина седница.

Во исто време, Грција добива голема меѓународна поддршка и помош за справувањето со пожарите, а освен земјите кои веќе испратија противпожарни сили, дополнително, по барање на Атина, ќе пристигнат од Русија два руски авиони Ил-76 и два хеликоптери Мил Ми-8.

Мицотакис и министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас во одвоените телефонски разговори со нивните руски колеги Михаил Мишустин и Сергеј Лавров, побараа помош од Русија, која со одлука на рускиот претседател Владимир Путин беше прифатена.

Два противпожарни авиони ќе испрати и Турција, како што преку „Твитер“ соопшти шефот на грчката дипломатија по телефонскиот разговор со неговиот турски колега Мевлут Чавушоглу.

Од над 20 земји во Грција досега пристигнаа вкупно 1.268 пожарникари, 250 возила и 21 воздушно средство.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Домашен притвор за возачот кој усмрти пешак и избега- 9 пешаци загинале во Македонија од почетокот на годината, од Нова Година ќе се „пали“ Сејф сити

Дејан Дејан

Се урна зграда во Карачи – 16 загинати, над 20 повредени

Дејан Дејан

24 загинати, десетици деца исчезнати по катастрофални поплави во Тексас

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе