Свет

Болсонаро и покрај казните повторно не носи маска

Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро вчера учествуваше на митинг со мотоцикли, возејќи без маска низ главниот град на Бразил, Бразилија.

Стотици поддржувачи му се придружија на возењето низ главниот град и околината и повеќето исто така не носеа маски.

Болсонаро во саботата одржа митинг со илјадници учесници во јужниот бразилски град Флоријанополис, на кој исто така не се носеа маски.

Болсонаро годинава двапати беше казнет за неносење маска. Првиот пат во мај во бразилската сојузна држава Маранхао и во јуни на голем собир на мотоцикли во Сао Паоло. Двете сојузни држави се предводени од противниците на Болсонаро.

Претседателот на Бразил, кој минатата година беше инфициран со Ковид-19, од почетокот на пандемијата постојано зборува против употребата на маски и други мерки за спречување на ширењето на вирусот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп најави предупредувачки писма со царински мерки до 12 земји

Дејан Дејан

Пожарите кај Измир ставени под контрола, огнената стихија сѐ уште беснее во Хатај

Дејан Дејан

Трамп го потпиша новиот закон за даночни олеснувања и кратења на социјални програми

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе