Свет

Полска ќе го реформира спорниот Дисциплински совет

Полска ќе го укине системот за дисциплинирање на судиите, за кој највисокиот суд на Европската унија пресуди дека ги прекршува правилата на ЕУ, соопшти денеска лидерот на полската владејачка партија во интервју за државната новинска агенција ПАП, пренесува ДПА.

Европската комисија и даде рок на Полска до 16 август да го распушти Дисциплинскиот совет, за кој ЕУ тврди дека не ја гарантира независноста на судството и ги поткопува законите на Унијата.

Ќе го распуштиме Дисциплинскиот совет што работи во моментов и на овој начин предметот на спорот ќе исчезне, рече Јарослав Качински, вицепремиер и претседател на владејачката Партија на правото и правдата.

Полска се соочува со парични казни или губење на дел од Европскиот фонд за развој доколку ова прашање не се реши.

Но, Качински рече дека реформите во судството, вклучително и предлогот за реформа на Советот, биле веќе испланирани и ја отфрли одлуката на највисокиот суд на ЕУ.

Не ги признавам таквите пресуди бидејќи тие јасно ги надминуваат Договорите и ја прошируваат надлежноста на судовите на ЕУ, рече тој.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна зграда во Карачи – 16 загинати, над 20 повредени

Дејан Дејан

24 загинати, десетици деца исчезнати по катастрофални поплави во Тексас

Дејан Дејан

Трамп најави предупредувачки писма со царински мерки до 12 земји

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе