Економија Топ вести

Горивата поскапуваат од 1,5 до 3,5 денари за литар

Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за 3,5 денари за литар, Екстра лесното масло за домаќинство за 1,5 денари, а бензините за по два денара по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со оваа одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,36 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува по 63,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 73, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 75 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,101 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 37,981 денари.

Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатите седум дена и тоа кај бензинот во просек за околу 5,549 отсто,  а кај дизелот за околу 4,440 отсто, како и за 0,29 отсто понискиот курс на денарот во однос на доларот.

Цената на дизелот се зголемува за 3,5 денари затоа што последната пресметка од 15-ти до 30-ти јули покажа дека неговата цена е под 600-тини долари на берза, со што во земјава практично стапува на сила законската обврска за скалеста акциза од 2 денари и поради тоа кумулативен е растот од 3,5 денари за овој нафтен дериват.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во кочанската болница на рехабилитација се трисетина млади луѓе, кои имаат повреди од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот претседател Владимир Путин е заинтересиран да разговара за траен мир со Украина

Дејан Дејан

Во илјадици евра се проценуваат штетите на струмичките земјоделци чии посеви минатата седмица беа погодени од силно невреме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе