Вести Економија Топ вести

Граѓаните ќе се исклучуваат од мрежата доколку поскапи парно греењето

Граѓаните се затечени од барањето за поскаупвање на парно греењето. Сметаат дека плаќаат и онака високи суми и дека дополнителното поскапување ќе влијае сериозно на семејниот буџет. Жителите на Железара, кои се снабдуваат преку операторот „ЕСМ Енергетика“ кој бара покачување од дури 65 отсто најавуваат дека ќе се исклучат од системот бидејќи со своите скромни финансиски примања нема да може да ја поднесат разликата во сметките.

Од „ЕСМ енергетика“ остануваат на својот став, ќе бараат покачување поради зголемените трошоци за гас и одржување.

Новата цена за парно греење е пресметана врз основа на методологијата дадена од РКЕ и е побарана врз основа на прсметаните финансиски трошоци, пред се трошоците за гас и за одржување. Подружницата Когенеративна електрана Енергетика работи со загуба, пред се поради високата цена на гасот“

Цената на гасот е покачена за 50 отсто но во период од три месеци и тоа се амортизира со ниската цена на горивото во пандемискиот период, енергенсот кој се користи во процесот на снабвудање. Ова е ставот на регулаторната комисија која денеска имаше подготвителна сеница на која детално пред компаниите за снабдување со топлинска енергија им беа презентирани прифатени и одбиените трошоци.

Забелешки има кај трите оператори кои бараат различни почкувања на цената  – од 1.8 отсто па се до 65 отсто.

Кај „БЕГ“ судирот е околу трошокот за мазут кој бараат да им се признае но Регулатрона не се сложува бидејќи компанијата во минатата грјна сезона нема користено мазут.

Кај операторот „Скопје Север“ забелешката е дека мора да ја прошири мрежата и да најде дополнитени клиенти бидејќи во моментов се користи само 17 отсто од вкупниот капацитет.

„ЕСМ енергетика“ која бара и најголемо зголемува од 65 отсто, инсистира да се признае потрошениот гас во ноќните часови додека Регулаторна не отстапува и признава само 15 часа во текот на денот.

Според извори на Телма регулаторите откриле технички грешки во пресметката на цена на гас кај оваа компанија.

Дали ќе има поскапување на цените на парно греењето ќе одлучи Регулаторната комисија на седница која е закажана за во четврток.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе