До крајот на наредната недела РКЕ ќе одлучи дали ќе има зголемување на цената на парното грење. Зголемување побарале трите компании најмногу ЕСМ енергетика околу 65%, БЕГ околу 2 %, а Скопје Север околу 16%.
Од друга страна цената на гасот на светските берзи е зголемена за 50% во однос на лани, а учествува со 70 % во крајната цена. Од РКЕ велат дека прават анализи, подготвителна седница ќе има во вторник, а конечната цена ќе се донесе во четврток. Новата цена ќе важи од август.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.