Економија Топ вести

Бочварски: Имаме план „Б“ доколку биде оспорен Законот за изградба на автопатишта

Како Влада секако дека имаме  разработено варијанти во однос на отпочнување и изградба на коридорите 8 и 10 Д зашто нашиот приоритет, клучна или конечна цел е да имаме модерни и безбедни патишта. По кој принцип и на кој начин ќе се изградат е работа на Парламентот, Владата и сите останати институции, како и на Јавното претпријатие за државни патишта кое е задолжено  за изградба и реконструкција на патиштата во државата и има најголеми капацитети и ресурси во овој дел.

Ова го посочи министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во одговор на прашањето дали постои план „Б“ по најавата на Антикорупциската комисија дека ќе го оспори Законот за изградба на автопатишта пред Уставниот суд, при денешната посета на Свети Николе.

-Не би сакал да навлегувам и немам право да навлегувам во однос на работата на Парламентот и на Уставниот суд заради тоа што сите имаат ингеренции во доменот во кој работат и функционираат. Не би сакал да ги коментирам сите овие најави. Секоја институција си има своја обврска, одговорност и ингеренција да работи во државата и не би  ги коментирале нивните обврски и ингеренции, бидејќи Собранието е над Владата и ја бира Владата, рече Бочварски.

Како држава, потенцира, сме демократски поставено општество и Собранието си ги има своите надлежности.

-Парламентарните групи поднесоа закон кој беше усвоен, а коректорот на Собранието секако може да биде Уставниот суд кога би имало иницијатива да одлучува дали одреден закон кој е донесен ги содржи елементите за кои е оспоруван или не. Секако доколку овој закон стапи на сила, а веќе има најави дека ќе биде потпишан од претседателот на државата, ние ќе постапуваме по него, но секој кој што смета дека треба да покрене некоја инцијатива може да го направи тоа зашто ова е демократска држава, прецизира Бочварски.

Собранието неодамна едногласно го изгласа Законот за изградба на автопатишта со кој се предвидува амерканско-турскиот конзорциум „Бектел–Енка“ да ги гради автопатиштата Тетово-Гостивар, Гостивар-Букојчани, Требеништа-Струга-Ќафасан и Битола-Прилеп по принципот клуч на рака.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во кочанската болница на рехабилитација се трисетина млади луѓе, кои имаат повреди од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот претседател Владимир Путин е заинтересиран да разговара за траен мир со Украина

Дејан Дејан

Во илјадици евра се проценуваат штетите на струмичките земјоделци чии посеви минатата седмица беа погодени од силно невреме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе