Во текстилниот сектор е алармантно се затвраат мали, но и големи фабрики. Невладината „Гласен Текстилец“ изминатиот месе има дневно и по 20 јавувања од текстилни работници, кои се консултираат кои документи да ги потпишат или не. Немаат бројки, колку работници останале без работа, но смета дека од почетокот на годината повторно имаат 7.000 работници кои се на списокот на невработени и се потенцијални социјални случаи.Сметаат дека погрешно било субвенционирањето на платите, во време кога текстилот имаше работа. Злоупотребите беа очигледни, а никој не е казнет.
Забележани се откази кои незаконски им се врачуваат на работниците во неколку штипски конфекции, отказите за кршење на ред и дисциплина ги оставаат работниците без испратнини, но и без паричен надоместок од Центарот за вработување. Посочува дека добар предлог имал пратеникот Иван Јорданов од ВМРО ДПМНЕ од Штип, кој побарал од ребалнс на буџетот да се зголеми токму тој паричен надоместок во случај на привремена невработеност. Но, Ампева посочува две фирми, кои поради лошата состојба во нивните компании, работниците се отпушаат согласно законите. Во светниколска Мода деновиве 55 работници поднеле барање да заминат технолошки вишок. Менаџерот, Ангел Димитров вели дека на овој чекор се одлучиле, откако драстично им се намалиле нарачките.
Проблемите што ги предизвика коронавирусот, уште долго ќе се рефлектираат врз стопанство, а секако и врз текстилната индустрија. Лани проблемот бил избегнат, кога шиеле залифи и ги полнеле магицините, а сега какошто вели Димитров тие магацини не можат повеќе да се полнат, но и нема пари да се организира ново производство, бидејќи купените репро материјали се купени на кредит. Се додека стоката која стои во магицините не се продаде, модната индустрија и конфекциите ќе имаат голем проблем
Викторија Димитрова Јованова