Економија Топ вести

Со 83 гласа “за” усвоено намалувањето на ДДВ на струја од 18 на 5 проценти

Со 83 гласа „за“ и ниту еден против пратениците ги донесоа законските измени со кои ДДВ-то за електричната енергија се намалува од 18 на 5 проценти.

Иако власта планираше пониското ДДВ да почне да се применува од 1 јули за да се амортизира ударот од повисоката цена на електричната енергија за 12,3 проценти, дури по објавување на измените во Службен весник на граѓаните ќе им се пресметува 5 проценти ДДВ за потрошената електрична енергија.

Тоа значи дека за јули ќе добијат повисоки сметки бидејќи за претходниот период ќе им биде тарифирана повисоката цена на струјата без намален ДДВ. Опозициските партии гласаа за измените – но  ја обвинија власта дека предизборно манипулира со граѓаните, зошто до година кога според измените, ДДВ ќе биде 10 проценти ќе плаќаат повисоки сметки за струја.

Власта пак убедуваше дека решението е добро и ќе го амортизира ударот од повисоката цена на струјата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина најсиромашниот претседател на светот Хозе Мухика

Дејан Дејан

Британски парламентарци бараат санкции против Вучиќ

Дејан Дејан

Мицкоски ќе предложи нови кадри за позициите на Алијанса

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе