Вести Економија

Намалувањето на ДДВ-то за струјата утре пред пратениците

Предлог- законот со кој ДДВ-то за електрична енергија треба да се намали од 18 на 5 проценти утре на гласање пред пратениците. Но тие и веднаш да го донесат сепак јулските сметки за струја за граѓаните ќе бидат повисоки.  Од 1 јули важи повисоката цена на струјата од 12,3 проценти која ја одобри Регулаторна. Но, не се реализираше на време планот на владата ударот врз домаќинствата да се амортизира со пониското ДДВ кое најавата беше од 1 јули  да падне од 18 на 5 проценти. Тоа значи дека  од почетокот на месецов  до датумот кога Законот ќе стапи на сила граѓаните ќе плаќаат повисока цена за киловат час и 18 проценти ДДВ.

Претседателот на Собранието Талат Џафери потврди дека утре во 13 часот ќе ја продолжи 45-тата седницата на која треба да се донесе и овој закон кој беше предложен по скратена постапка. Џафери вели ако пратенците брзо го донесат тој веднаш ќе го прати кај претседателот Пендаровски да го потпише Указот. Потоа треба да се објави во Службен весник, со што ќе почне неговата примена.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе го поддржи законот, но прашува зошто до сега се чекаше?

Министерот Бесими вчера се правдаше дека не ставиле датум на важност од 1 јули во предлогот,  бидејќи сметале дека ќе се донесе на време и ќе се примени во сметките за јули. Рече и дека ќе се разгледаат правните можности дали може амандмански да се реагира за тој да важи од први јули. Но Џафери е дециден дека амандманската расправа е завршена, единствено што може да се направи е да се достави нов предлог до Собранието. Но и тој ќе треба пак од почеток да ги помине собраниските филтри. Правниците пак алармираа дека ниту еден закон не може да важи ретроактивно.

Од  ЕВН потврдија дека додека не се донесе законот ќе се пресметува 18 проценти ДДВ. Тоа практично значи дека без разлика кога ЕВН ги чита броилата, јулските сметки за сите граѓани ќе бидат повисоки, за некои повеќе за другите помалку, во зависност од датумот од кога ќе почне да се смета 5 наместо 18 проценти ДДВ.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ученик нападна настаничка во ООУ „Јан Амос Коменски“ – соучениците трет ден бојкотираат настава

Дејан Дејан

Мајката Невена Спасеска повикана во обвинителство, осомничена е за одземање на дете

Дејан Дејан

Битолскиот суд „одмрзна“ три милиона евра на компанијата „Руд Коп“ – на барање на Обвинителството повторно ги блокира

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе