Економија Најважни

Се додека не се донесат законските измени граѓаните ќе плаќаат поскапа струја

Граѓаните ќе плаќаат повисоки сметки за струја за 12,3 проценти, се додека пратениците не го донесат Законот со кој ДДВ-то за електрична енергија треба да се намали од 18 на 5 проценти – потврди министерот за финансии Фатмир Бесими. Министерот се надева дека пратениците ќе го изгласаат законот до крајот на месецов. Но и во тоа сценариот сигурно е дека јулските сметки ќе бидат повисоки за дел од граѓаните, а можно е и за сите во зависност од тоа во кој период ЕВН ги чита броилата. Од 1 јули важи повисоката цена на струјата за 12,3 проценти која ја одобри Регулаторна. Планот на владата беше ударот врз домаќинствата да се амортизира со понискотото ДДВ од 18 на 5 проценти, но законот заглави во Собранието.

Зконот се уште не е ставен на дневен ред на седниците на Собрание на 15 и 22 јули. Министерот со апел до пратениците побрзо да го донесат. Вели ќе се разгледа и дали евентуално има правна можност амандмански да се интервенира тој да важи од 1 јули, исто како и повисоката цена на струјата. Прашан зошто не ставиле датум во предлог- решенито – вели се надевале дека ќе биде донесен на време.

Од ЕВН потврдуваат дека на сметките ќе пресметуваат за 12,3 проценти повисока цена на струјата и сегашното ДДВ од 18%.

Фактурите за електрична енергија се уште не се издадени. Се додека не се донесе законот ќе се калкулира старото ДДВ, велат од ЕВН

Тоа практично значи дека граѓаните кои се во првите две групи на читање на броилата  – до 14-ти во месецот – покрај повисока цена за киловат час ќе платат и 18 проценти ДДВ. Вторите две групи каде читањето е околу 21 и на крајот на месецот, можат  да се надеваат дека пратениците  ќе го изгласаат законот и до тогаш ќе помине во  Службен весник, за да платат 5 проценти ДДВ.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Касами: За промените на министри потребен е политички договор

Дејан Дејан

„Фајзергејт“: ЕК ги прекршила правилата за транспарентност во врска со СМС пораките на Фон дер Лајен за Ковид вакцините

Дејан Дејан

Ангеловска-Бежоска: Макроекономската стабилност е зајакната, но потребни се структурни реформи за одржлив раст

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе