Ковид19 Свет

Во Грција почнува вакцинацијата на деца од 15 до 17 години

За децата во Грција, родени до 31 декември 2005 година в четврток се отвора платформата за закажување термин за вакцинација, а потребна е согласност од родител или старател, соопшти попладнево генералниот секретар во Министерството за здравство на Грција Мариос Темистоклеус на денешната редовна прес конференција.

Имунизацијата на тинејџерите е по зеленото светло од Комисијата за вакцинација, од минатата седмица.

За процесот на имунизација во Грција, Темистоклеус соопшти дека со една доза е вакцинирано 50 отсто од населението, односно 59 проценти од полнолетното население, а целосно вакцинирани  се 41 отсто од граѓаните, односно 48 проценти од полнолетното население.

Во однос на новите случаи на Ковид-19 во Грција, повторно се регистрирани над 2.000 новозаразени, иако е значително намален бројот на тестови, односно регистрирани се 2.065 случаи од 36.790 тестови, од кои само 6.008 се ПЦР, а останатите се брзи тестови.

Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје, во изминатите 24 часа починаа десет лица, а 139 се приклучени на апарати на Одделите за интензивна нега.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, вечерва ќе ги соопшти владините одлуки поврзани со пандемијата и процесот на вакцинација.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сè уште активен пожарот на вториот крак на Халкидики

Дејан Дејан

Киев: Одложувањето на американската помош ќе ја охрабри Русија да продолжи

Дејан Дејан

Две лица починаа, над 300 побарале помош – топлотен бран во Франција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе