За период од две недели 7-мина пчелари од тетовско се соочиле со помор на пчели поради човечка невнимателност и непрописно прскање со пестициди и инсектициди. Се жалат на големи штети, бидејќи освен угинувањето на пчелите, не може да се употреби и медот кој е контаминиран.
Случаите ги пријавиле во полицијата и во Здружението „Град на пчелите“, бидејќи не знаат каде да се обратат, затоа што во нашата земја нема соодветни правилници. Самоиницијативно направиле испитувања, кои првично покажале дека се користени забранети пестициди.
Од Здружението велат дека е потребна е поголема комуникација помеѓу пчеларите, земјоделците и институциите.
Додека чекаат поголема грижа од институциите, пчеларите од полошко, потпирајќи се на искуствата од развиените земји, заеднички ќе преземат соодвени активности, односно ќе ги третираат болестите на пчелите во ист период.
Данијела Билбилоска