„Макпетрол“ АД продолжува со обнова на своите бензински станици и изградба на нови, со цел подобрување и осовременување на својата мрежа на услужни објекти.
Во обновената и современа бензинска станица на влезот од градот Неготино се инвестирани повеќе од 27 милиони денари. Истата ги нуди квалитетните горива од ULTRA фамилијата на „Макпетрол“, вклучувајќи гo и течниот нафтен гас за возила, а во продажниот објект на бензинската станица на потрошувачите им стои на располагање широк избор на производи од дополнителниот асортиман.
Во синџирот на бензински станици на „Макпетрол“, потрошувачите имаат можност да ги користат сите видови горива, како и дополнителните услуги кои можат да ги добијат во современите продажни објекти.
„Макпетрол“ АД како водечка компанија на македонскиот пазар е секогаш подготвена да одговори на енергетските потреби на општеството и како досега, преку константните инвестициони зафати на своите објекти претставува двигател на економскиот сектор во државата.