Вести Економија

Текстилниот сектор полека се стабилизира

Текстилниот сектор летово почнува да се стабилизира. Компаниите кои успееја да ја пребродат ковид кризата и локдауните во Европската унија, во моментов работат за старите партнери, но и морале да се преорентираат и на шиење на други текстилни производи. Целосно нормализирање во овој сектор се очекува во есенските месеци.

Текстилната индустрија се очекува без налози да остане во август или септември, ова ќе биде преоден период, за да компаниите опстојат. Во тој период ќе им биде потребна помош од државата. Но, Владата најави дека помош во субвенции на плати ќе нема, туку финансиката помош ќе се насочи во модернизација на производството.

Пандемијата од  20 до 30 отсто го намали бројот на вработени во текстилните конфеции е проценката на Нашков. Според него изминатиот период битката била да се задржат работниците, бидејќи со години граделе добри тимови. Текстилството   и пред пандемијата одеше по надолна линија,  заедно со кожарската индустрија сочинуваа околу  20 проценти од вработените во државата. Стареењето на работната сила, но и демотивираноста на младите да работат во реалниот сектор се уште поголеми проблеми .

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Децата мора да се охрабруваат да говорат за булингот“ пораки од работилница во Гази Баба на општествено одговорната кампања „Крени Глас“ на Макпетрол

Дејан Дејан

Во болницата во Кочани стои нова хипербарна комора без специјалист да ја стави во функција велат од “SupportКоcani“

Дејан Дејан

Пет барања испрати семејството на Фросина од протестот по пресудата од 12 години за Васил Јованов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе