Ниту опозицијата, ниту власта немаа забелешки Американско-турскиот конзорциум Бехтел и Енка да ги гради автопатите од Коридор 8 и 10 без тендер, со директна спогодба со Владата. Предлог- законот потпишан од група пратеници кој се носи по скратена постапка, експресно доби зелено светло на Комисијата за финансирање и буџет и ќе биде испратен на гласање пред пратениците на пленарна седница. За предлагачите законот со кој се дава амин на Владата да преговара и да склучи договор со американско-турскиот конзорциум е добар. Сметаат дека со изградбата на автопатите Тетово-Гостивар-Букојчани, Требеништа-Струга-Ќафасан и Прилеп-Битола,земјава ќе добие стратешко поврзување со Европа и регионот.
Предлог законот доби 4 амандмани кои ги поднесе пратеникот од ВМРО-Народна партија Љупчо Балковски, кои не беа прифатени.Тој побара во предлог законот да влезе Бехтел и Енка покрај овие да градат и други неиззградени автопати во земјава. Предложи и изградбата да биде по пат на концесија чиј рок ќе го утврди владата, бидејќи смета дека ќе чинат и над 1 милијарда евра, пари кои ќе треба да се обезбедуваат од кредити.
Владата веќе склучи меморандум за соработка со Бехтел и Енка, но со предлог законот во собрание се дава амин таа да преговара и да склучи договор без тендер со конзорциумот. На предложеното законско решение жестоко реагираше Антикорупциска. Комисијата му укажа на Собранието да не го донесе предлог-законот, бидејќи има висок ризик од корупција. Најавија дека ако пратениците го изгласаат – тие ќе го оспорат пред Уставен суд. Спорно за ние е и тоа што во предлогот стои дека Бехтел и Енка иако треба да се и проектанти и изведувачи, нема да одговараат за грешки на проектантот. А уште поспорно е што стои дека делуумно или целосно нема да важи домашното законодавство.
Инаку ова е втор закон за изградба на автопати со директна спогодба без тендр кој го аминува собранието. во 2013 донесе посебен закон за изградба на автопатите Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид со кинескиот партнер Синохидро. Државната зделка со кинезите заврши со обвинение од СЈО за поранешниот премир Никола Груевски и вицепремиерот Пешевски за финансиска проневера од 155 милиони евра.
Александра Филиповска