Економија

Од денес рестораните и кафулињата примаат гости и во затворените простории

Свадбени прослави и други свечености од денес можат да се одржуваат и во затворените простории на угостителските објекти. Ограничување ќе има во бројот на гостите, односно на една прослава исполнетоста да биде максимум 40 проценти од капацитетот. Но затворените простори на дискотеките, кабареата и клубовите нема да работат.

Сопствениците на рестораните за свадби, велат дека се задоволни од владината одлука, откако по повеќе од една година пауза сега ќе можат повторно работат и да ги вратат вработените, кои на тој начин ги прехранувале нивните семејства.

Туристичко-угостителскиот сектор беше еден од најпогодените сектори од здравствено-економската криза. Владата за него издвои пари во шеститот пакет економски мерки, односно 9,9 милиони евра беа наменети за околу 6.000 угостители кои вработуваат 17.000 луѓе.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дурмиши: Ако има поскапување поголемо од 15 проценти, ќе активираме поригорозни мерки

Дејан Дејан

(живо)Дурмиши: Пазарниот инспекторат е на терен очекуваме извештај

Дејан Дејан

Ангеловска-Бежоска: Економијата постепено закрепнува од шоковите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе