Инспектори на Упрвата за јавни приходи го чешлаат работењето на штипската чевларска фабрика „Баргала“. Првичните информации од контролите покажуваат лоша оценка за даночното и сметководствено работење. Директорката на УЈП, Лукаревска на денешната прес-конферниција забележа дека се утврдени голем број на неправилности од енормни размери, што се несвојствени за добро работење на кој било даночен обврзник. Во меѓувреме Сојузот на синдикатите на Македонија достави барање за стечај за „Баргала“, очекуваат во наредните 10 дена, судот да ја донесе одлуката
Управата за јавни приходи будно ја следи состојбата со штипската фабрика за обувки „Баргала“, каде што деновиве на 100 работници им се дадени откази за работен ред и дисциплина и чекаат исплата на две плати. Директорката на УЈП, Сања Лукаревска на денешната прес конференција даде лоша оценка за даночното и сметководственото работење на Баргала. Контралата го чешла даночното работење во последните три до пет години.
Управата за јавни приходи ќе ги извести и останатите институции за она што е утврдено во контролите. Лукаревска посочи дека постојано добивале информации од здруженија, кои се борат за заштита на работничките права, но и од самите работници.
Подолг период се говори за проблемите во штипската „Баргала“, работниците неколку пати имаа протест, а стоте работници кои добија откази поднесоа приговори. ОД ССМ најавија дека случајот со отказите ќе се најде и пред Јавното обвинителство, очекуваат од штипскиот Основен суд во наредните 10 дена да донесе и одлука и по нивното барање за стечај.
Викторија Димитрова Јованова