Култура Топ вести

Книжевната меморија му пркоси на заборавот- потребни се книжевни архиви и дигитални колекции

Книжевните архиви, музеи и дигиталните колекции се искличително важни за систематизација на книжевната меморија  која му пркоси на заборавот. Седумдест домашни и странски учесници на годинашната научна конференција ги загатнаа различните аспекти на книжвното културно наследство и сите предизвици на дигиталната култура.

Македонска книжевна архива: од ракопис до дигитална култура“, самиот наслов ги поклопува оние основни, витални истражувачки подрачја на нашата институција: детектирање проучување на трајните вредности на македонската литература и култура, афирмирање на домашната, но и на меѓународната академска сцена – Маја Јакимовска – Тошиќ, Институт за македонска литература.

За патоказите на современоста кои ги воспостави Конески и кои имаме должност да ги негуваме сеосврна и претседателот Пендаровски.

Во ракопис, печатено или дигитализирано наследството на Конески, но воошто и севкупното наше културно наследство не смее да остане архива за кое ќе се интересираат само истражувачите. Тоа треба да биде приопштено на соодветен начин на секој наш граѓанин, особено на помладите генерации – Стево Пендаровски, претседател на РСМ.

Во рамките на конференцијата беше претставен и заедничкиот труд на 12 автори, за етичките и аксиолошките аспекти на литературата и културата на 20 и 21 век е монографија, плод на долгогодишната  соработка на Македонија и Словачка.

За мене е најзначајно дека тоа ја внесува Македонија на европската научна сцена, монографија подготвена по сите највисоки научни стандарди на Европската Унија, нешто што е актуелно и релевантно и покажува дека македонската наука го држи тој чекор со европската наука – Ана Мартиноска, промотор на монографијата.

Ваквите меѓународни конференции се најдобар начин во ова брзо темпо на живеење да потсетиме на вистинските книжевни вредности и нивната дигитална перцепција, забележаа учесниците на оваа конференција.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цената на струјата и парното ќе ја утврдуваат експерти од енергетски компании – измени во Законот за енергетика

Дејан Дејан

Судијка од Велес ќе дели правда во Кочани

Дејан Дејан

Кој ќе биде нов гувернер?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе